Возиме со срце – бидејќи семејството е моторот кој нѐ движи
СОС Детско село и Мото клуб „Вепар“ го одбележаа Меѓународниот ден на семејството со мото дефиле што испрати хумана порака за поддршка на децата и младите без родителска грижа. Скопје, 16 мај 2026- По повод 15 мај – Меѓународниот ден на семејството, СОС Детско село и Мото клуб „Вепар“ организираа мото дефиле низ Скопје, испраќајќи порака за важноста на семејството во развојот на секое дете. Дефилето започна од Градскиот парк, со учество на повеќе од 100 моторџии и поддржувачи, кои направија кру...