24 часа на работ на бездната: најавено двонеделно примирје меѓу САД и Иран, Техеран најави „отворање“ на Ормутскиот канал
Судирот меѓу Израел, Иран и САД влезе во 39. ден со драматичен пресврт: по часови исполнети со закани и ултиматуми, најавено е двонеделно примирје и пауза на планирани американски удари, додека Техеран соопшти дека во истиот период ќе го „отвори“ Ормускиот канал – една од најчувствителните точки за глобалната енергетска и трговска безбедност.Тензијата се изостри по тврдења дека американскиот претседател Доналд Трамп претходно испратил пораки со најтешка реторика, но на крајот објавил дека прифаќ...