Католиците утре го празнуваат Велигден – за нив понеделник е неработен
Според годинешниот календар на католичката црква утре, 5-ти април, е празникот на Христовото воскресение, најголемиот христијански празник Велигден. По тој повод за припадниците на католичката вероисповед во Република Македонија, понеделник е неработен ден. Велигден, односно Пасха (Πάσχα), е празник на Воскресението на Господ Исус Христос. Пасха како поим е транслитерација на грчки збор, кој од своја страна е транслитерација на еврејскиот pesach, [...]