(Видео) Ченто за годишнината од пресудата за „27 април“: „Вие нѐ осудивте, историјата ќе нѐ ослободи, бараме правда“
Осудениот за настаните од 27 април 2017 во Собранието на Македонија, Јане Ченто, со објава на социјалните мрежи се осврна на 15 март 2019 година, денот кога беа изречени пресудите за овој случај.Според него, процесот не бил вистинско судење, туку политичка пресметка, во која, како што тврди, правдата била заменета со однапред подготвена пресуда.„Тоа не беше судење во вистинска смисла на зборот. Тоа беше политичка пресметка, маскирана како правда. Судење во кое вистината беше заменета со наратив,...