Епископот Јаков во посета на ЈПКД „Комуналец“ – Струмица
На покана на директорот Кире Синдраковски, денеска во посета на ЈПКД „Комуналец“ – Струмица престојуваше викарниот епископ Стобиски, г. Јаков од Струмичката Епархија при МПЦ ОА. Во рамките на посетата, епископот Јаков имаше средба со директорот Синдраковски, како и со вработените во претпријатието. Притоа беа разменети мислења за секојдневните предизвици со кои се соочува колективот, но и за значењето на нивната работа за функционирањето на локалната заедница. Епископот ги сослуша вработените и...