Струмица ги доби најдобрите млади шахисти – познати победниците од Државното првенство
Во спортската сала на СОУ „Јане Сандански“ во Струмица вчера се одржа Државното првенство во шах за ученици од основните и средните училишта во Македонија, на кое учество зедоа над 200 ученици од целата држава. Натпреварувањето се одвиваше во повеќе категории, а младите шахисти покажаа одлични вештини, стратегија и спортски дух. Во категоријата основни училишта (женски 1–5 одделение), првото место го освои Ина Крумова од ООУ „Сандо Масев“ – Струмица, пред Катја Поп-Николова од ООУ „Видое Подгоре...