Пет кандидати во трка за член на ДКСК по оставката на Ристовска
Петмина кандидати влегуваат во трката за едно слободно место во Државната комисија за спречување на корупцијата, откако досегашната членка Цвета Ристовска поднесе оставка поради предмети поврзани со судир на интереси. Интервјуата со кандидатите се закажани за утре во Собранието, а изборот ќе се врши преку процес што вклучува претставници од невладиниот сектор и народниот правобранител.За позицијата конкурираат Борче Стојановски, Милка Муратовска, Владимир Клековски, Марија Катралова Китанов и Ан...