Тошковски за случајот со Анакиев: Нема недопирливи, секој којшто ќе се огреши со рекетирање и корупција ќе одговара
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека апсењето на директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев, кој беше фатен со 50 илјади евра поткуп, е јасен доказ за неселективната борба против корупцијата. Тој нагласи дека осомничениот бил фатен на лице место со претходно обележани пари, во координирана акција со Јавното обвинителство.„Ова е еден од случаевите коишто ја потврдува неселективната борба на Министерството за внатрешни работи посебно против оние коишто...