Коњановски со честитка за Кркрдаш: Да ги негуваме обичаите и заедништвото
Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, упати честитка по повод празникот Св. 40 Маченици – Кркрдаш, истакнувајќи дека овој ден претставува важен дел од културното и духовното наследство на градот. „Кркрдаш е дел од историјата на Битола и мост помеѓу првиот ден на пролетта и празникот Младенци. Оваа традиција со децении ги обединува битолчани и ја негува вредноста на заедништвото, љубовта и почитта кон обичаите“, наведува Коњановски во својата порака. Тој им посака на граѓаните здрав...