(Видео) Бесплатни јајца предизвикаа турканици во Велес, интервенираше полицијата
Околу две илјади табли со јајца беа поделени за помалку од еден час во Велес, откако хуманитарна акција предизвика огромен интерес кај граѓаните и резултираше со метеж и турканици.Според информации објавени во медиумите, поради безредието и гужвата меѓу присутните кои чекале во редици, морала да интервенира и полицијата за да воспостави ред и да спречи евентуални повреди.Хуманитарниот настан бил организиран како донација од велешани од дијаспората во Соединетите Американски Држави, преку транспо...