ЛДП со аларм до јавноста: Игнорирањето на нашите решенија ја доуништува државата како заложник на партиски влијанија
Либерално-демократската партија (ЛДП) со жалење констатира дека беа потребни само неколку недели за јавноста да се увери во она за што ние гласно алармиравме: изборот на новиот Државен јавен обвинител не е чекор кон правда, туку обична замена на едно партиско влијание со друго. Оставката на обвинителката Ленче Ристоска е само последната потврда дека системот ги исфрла професионалците за да направи простор за егзекутори на владините политики, велат од ЛДП.„Денешната ситуација немаше да биде ваква...