Коњановски: Нови современи тоалети за учениците во „Коле Канински“
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска ја посети ОУ „Коле Канински“ каде што е предвидена целосна реконструкција на постоечките тоалети, кои со децении не биле обновувани. Со овој проект се обезбедуваат современи стандарди за хигиена за учениците и вработените, а исто така ќе се изгради посебен тоалет за лица со инвалидитет. Реконструкцијата опфаќа двата блока на училиштето, вклучувајќи подрум, приземје и кат. Во подрумскиот дел на првиот блок ќе бидат обновени машки и женски тоалет...