„Доктори со помош на еликсир работеле секој ден 24 часа, без одмор, без пауза, зимале над 10.000 евра плата“ вели Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Собранието изјави дека потребно е и јавно да се укаже на злоупотреби и неетичко работење од страна на одредени здравствени работници. Тој посочи примери на лица кои, преку сомнителни практики, си ги зголемувале месечните примања, работеле секој ден по 24 часа, без пауза.„Е сега кога станува збор за здравството треба понекогаш не само да зборуваме убави работи. Треба да зборуваме и малку со доза на критика кон одредени здравствени работници коишто наоѓаат н...