Див вепар три часа шетал низ трговски центар во Берлин, полицијата го истерувала со штитови
Купувачите во еден трговски центар во Берлин утрово доживеале необична сцена кога лице в лице се нашле со див вепар кој талкал низ објектот, по што полицијата привремено го затворила центарот.Инцидентот се случил во трговскиот центар „Аленде центар“ во населбата Кепеник, во југоисточниот дел на германската престолнина. Полицијата интервенирала за да го извлече животното од објектот, користејќи палети и штитови за контрола на нереди, со кои се обиделе да го насочат вепарот кон излезот.На местото...