Проданоски: Прилеп е дел од франкофонската приказна што обединува
Во Прилеп денеска се одржа настан посветен на франкофонијата под мотото „Франкофонијата обединува срца – преку јазикот до мир“, кој донесе празнична атмосфера, инспирација и силна порака за културно поврзување. Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека настанот претставува вистински празник на францускиот јазик, културата и заедништвото. Тој посочи дека учениците со своите настапи, креативни точки и изведби уште еднаш покажале голем талент, енергија и љубов кон уметноста...