Велигденска честитка од градоначалникот на Струмица, Петар Јанков
По повод големиот христијански празник Велигден, градоначалникот на општина Струмица, Петар Јанков, упати честитка до граѓаните кои денеска го слават Христовото воскресение, истакнувајќи ја длабоката симболика и значење на празникот како вечен извор на надеж, љубов и духовна сила. „Христос Воскресна – Навистина Воскресна! Со овој вековен поздрав ја споделуваме радоста, вербата и светлината што овој празник ги носи. Нека Велигден биде поттик за обнова на духот, за зацврстување на меѓусебната почи...