СОУ „Јане Сандански“ од Струмица доби признание од ZfA и потпиша Меморандум за соработка
Во СОУ „Јане Сандански“ во Струмица се одржа свечен настан на кој училиштето доби плакета од Централната служба за училишта во странство (ZfA), а беше потпишан и Меморандум за понатамошна соработка во областа на германскиот јазик. На настанот присуствуваа амбасадорката на Сојузна Република Германија, Петра Дрекслер, претставникот на ZfA, Рихард Пуршвитц, претставници од Секторот за образование при Општина Струмица, како и директори, наставници, ученици и бројни гости. Свеченоста започна со интон...