Новинарот Адеми ги отфрла критиките: „Не користев агресивен тон“
Новинарот Невриј Адеми, кој предизвика бурни реакции во јавноста откако на министерката за образование Весна Јаневска ѝ се обрати со зборовите „ти кажавме да си земеш преведувач“, реагираше на изјавата на Советот на честа, изразувајќи незадоволство од начинот на кој бил третиран случајот.„Со сета почит кон вашата улога и ангажман во заштита на етичките стандарди во новинарството, сакам да го изразам моето сериозно незадоволство во врска со вашата последна изјава која се однесува на моето однесув...