Тошковски најави кратење на раководниот кадар во МВР за речиси 40 отсто, функциите ќе се темелат на професионални критериуми
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави нова систематизација на МВР со која ќе се намали бројот на раководни позиции за околу 37-38%, а функциите ќе бидат засновани на одговорности и професионални критериуми, а не на етничка припадност. Тошковски истакна дека сите кои ги исполнуваат условите – образование, искуство и вештини – ќе можат да аплицираат за позиции во раководната структура.„Клучната измена во рамки на новата систематизација е тоа што од бројка на началници заменици помо...