Шефот на Европскиот совет: Досега има само еден победник во војната на Блискиот Исток, а тоа е Русија
Единствениот победник досега во војната на Блискиот Исток е Русија, бидејќи конфликтот ги зголемува цените на нафтата и го одвлекува вниманието од нејзината агресија во Украина, изјави претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, објави „Ројтерс“. Досега има само еден победник во оваа војна – Русија, рече Коста во говорот пред амбасадорите на ЕУ во Брисел. [...]