100 нови возила за Итна помош и нов протокол за изгореници – Алиу кажува за мерките по трагедијата во Кочани
Министерот за здравство Азир Алиу во завршното обраќање на Меѓународната конференција посветена на трагедијата во Кочани истакна дека државата веќе ги преточува научените лекции од пожарот во конкретни системски решенија за подобра подготвеност при масовни несреќи.Тој нагласи дека конференцијата покажала колку е важна интерсекторската соработка при справување со вакви трагедии и дека при настани со масовни жртви не е доволна само брза реакција, туку и однапред подготвен и институционално усоглас...