Во спомен на Џочето: Во дворот на музичкото училиште „Боро Џони“ засадено дрво на сеќавањето
Вработените и учениците од Општинското основно музичко училиште „Боро Џони“ од Струмица денеска оддадоа почит на нивниот колега и пријател Џоко Ѓоргиев, кој трагично го загуби животот во пожарот во дискотеката во Кочани пред една година, во кој згаснаа 63 млади животи. Во негова чест, во дворот на училиштето беше засадено дрво – симбол на животот, споменот и вечната благодарност кон човекот кој оставил силен белег меѓу колегите и учениците. На настанот се обрати директорот на училиштето, Томе Ла...