СДСМ алармира за пропаст – „кратко паметење“ или долга политичка амнезија?
Очигледно, кога Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) зборува за криминал, сиромаштија и изолација, тоа доаѓа од позиција на долгогодишно „искуство“. Партијата која со години ја уверуваше јавноста дека државата оди во вистинска насока, сега алармира за катастрофа – и тоа веднаш откако се најде во опозиција. Во најновото соопштение, СДСМ жестоко ја критикува владата предводена од Христијан Мицкоски, оценувајќи дека неговите ставови за уставните измени значат практично замрзнување на еврои...