Проданоски: Центарот на Прилеп добива уреден простор околу „Чарши џамија“
Општина Прилеп започна активности за уредување на просторот околу заштитеното културно добро „Чарши џамија“, кое се наоѓа во срцето на прилепската чаршија. Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, информираше дека со години овој простор бил оставен во запуштена и руинирана состојба, што, како што посочи, не доликува на град како Прилеп. „Прилеп не смее да има руинирани објекти во самиот центар на градот. Нашата обврска е да го зачуваме и уредиме секое место кое сведочи за исто...