Мицкоски на одбележување годишнина од депортацијата на македонските Евреи: Сеќавањето е наша морална должност, а борбата против омразата наша историска одговорност
Сеќавањето е наша морална должност, а борбата против омразата наша историска одговорност, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање по повод одбележување на 83-годишнината од депортацијата на 7.144 македонски Евреи во логорот Треблинка. Тој истакна дека денеска стоиме во тишина и со длабока почит пред една од најболните страници во нашата историја и се сеќаваме на депортирањето на македонските Евреи, трагедија што засекогаш го обележа нашето колективно паметење. – Во март 19...