Мерц: Германија подготвена за мисија во Ормутскиот теснец, но по завршување на војната
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека Германија е подготвена да се вклучи во меѓународна мисија за обезбедување на Ормутскиот теснец, но само по завршување на конфликтот меѓу САД, Израел и Иран.„Сакам да испратам јасен сигнал дека сме подготвени да помогнеме. Но за тоа да се случи, борбите мора да престанат“, рече Мерц во пресрет на самитот на Европската Унија во Брисел.Тој нагласи дека евентуалното учество на Германија би било можно само со меѓународен правен мандат.Мерц ја поздрави и,...