Од запуштен простор до модерен парк: Струмица доби ново место за одмор и рекреација
Од денеска и официјално во употреба е ставен новиот парк во населбата „Карпош“ во Струмица, изграден на простор од некогашната касарна кој со години беше запуштен. Станува збор за современо уреден јавен простор на површина од 12.712 квадратни метри, создаден во рамките на проектот „Зелен пулс“, кој на граѓаните им нуди ново место за одмор, рекреација и дружење. Во паркот се засадени 460 украсни и автохтони дрвја и растенија, а тревните зелени површини зафаќаат речиси 10.000 квадратни метри. Изгр...