ВЛЕН: Историски проект – целосна реконструкција на Старата чаршија
По повеќе од половина век, започнува обемен инфраструктурен проект за обнова на Старата чаршија во општина Чаир, кој има за цел да го врати нејзиниот автентичен изглед и да ја подигне на повисоко ниво на развој. Станува збор за најголем ваков зафат во овој дел од градот, кој опфаќа површина од 1.567 квадратни метри и вклучува целосна модернизација на подземната и надземната инфраструктура. Проектот предвидува поставување нов водоводен и канализациски систем, изградба на современа електрична мреж...