Проф. Дарко Данев кандидат за ректор на УКИМ со визија за модерен и отворен универзитет
Професорот Дарко Данев од Машинскиот факултет во Скопје влегува во трката за ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, претставувајќи се како кандидат кој целиот свој академски и професионален развој го изградил токму на УКИМ. Со мотото „Од УКИМ-набљудувач до УКИМ-создавач“, Данев ја започнува својата кампања, нагласувајќи дека универзитетот за него не е само институција, туку втор дом во кој ги поминал додипломските, постдипломските и докторските студии, како и целата академска кариера – о...