„решение има, но…“ што ја кочи македонија кон ЕУ?
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски оцени дека блокадата на европскиот пат на Македонија од страна на Бугарија е политичка, а не суштинска. Според него, државата има високи стандарди во однос на почитувањето на малцинските права, поради што критиките од Софија не се темелат на факти, туку на политички мотиви кои не носат корист ниту за едната ниту за другата страна. Тој истакна дека Македонија и Бугарија во моментот се наоѓаат во ситуација во која двете држави гу...