Земјотрес од 4,3 степени регистриран на грчкиот остров Евија
Нов земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди грчкиот остров Евија, само еден ден по серијата потреси што ја вознемирија локалната јавност.Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот бил регистриран во 5:13 часот по локално време. Епицентарот се наоѓал на длабочина од четири километри и на околу 78 километри од Перистери.Потресот предизвикал загриженост кај жителите на островот, особено по вчерашната засилена сеизмичка активност...