Пет возачи уапсени за безобѕирно возење, меѓу нив и двајца малолетници
МВР соопшти дека во текот на изминатото деноноќие полициски службеници на територијата на државата лишиле од слобода пет возачи поради безобѕирно управување со возило.Според информациите, четворица од нив, меѓу кои и двајца малолетници, во Скопје управувале возила без возачка дозвола, додека еден возач во Кичево бил затекнат како управува возило под дејство на алкохол.Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.Од МВР апелираа...