Граната од Првата светска војна пронајдена во битолско село
Во СВР Битола вчера било пријавено дека во нива во селото Логоварди била пронајдена граната.Од полицијата информираат дека по пријавата интервенирал пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување – Битола, кој безбедно ја подигнал експлозивната направа.Според информациите, станува збор за артилериска граната која потекнува од Прва светска војна.