Зошто Јапонија повеќе од 1000 години забранувала јадење месо?
На што прво помислувате кога станува збор за врвна јапонска храна? На совршен вагју стек, пилешко кацу, донбури или сукијаки. Листата на јапонски јадења што мора да се пробаат звучи како рај за љубителите на месо и живина. Затоа е тешко да се поверува дека речиси 1200 години јадењето месо во Јапонија било забрането.Забраната започнала во 675 година, кога царот Тенму забранил консумирање говеда, коњи, кучиња, мајмуни и кокошки, а траела сè до 1872 година, кога царот Меиџи јавно изел говедско месо...