Српското МНР реагира на нападите од Црна Гора: „Вучиќ не сака да слави одвојување на две братски држави“
Министерство за надворешни работи на Србија реагираше на критиките кои доаѓаат од Црна Гора кон српскиот претседател Александар Вучиќ, оценувајќи дека Подгорица без причина создава повод за јавен напад и им нанесува штета на меѓудржавните односи.Во соопштението се наведува дека Вучиќ „не упатил ниту еден навредлив збор“ кон Црна Гора, туку изнел легитимен став дека не сака да ја слави разделбата на „две блиски и братски држави“.Од српското МНР порачаа дека Србија уште во 2006 година без одлагање...