ЛДП: Итно формирање на комисија за штети за замрзнатите овошки во Преспанскиот регион
Либерално-демократска партија преку соопштение побара итно формирање Комисија во рамки на Општина Ресен за проценка на штетите предизвикани од измрзнувањето на овошките во Преспанскиот регион.Од партијата во соопштението посочуваат дека по нестабилните временски услови и ниските температури, земјоделците од Ресен и Преспа се соочуваат со големи загуби на плодови и насади, при што најпогодени се сливите и јаболката.„Како регион чија главна стопанска гранка е земјоделството, од особена важност е о...