(Видео) Црното Море повторно гори: нападнат турски брод, има загинати и повредени
Рибарски брод што пловел под турско знаме бил нападнат и потонал кај северниот брег на Црното Море, при што еден морнар загинал, а четворица се повредени, соопшти турската крајбрежна стража.Бродот „Дуру 67“ бил нападнат западно од Севастопол на Крим во петокот, се наведува во соопштението на Командата на крајбрежната стража.Во соопштението не се наведуваат дополнителни детали за самиот напад.Петмина повредени морнари биле спасени од друг рибарски брод „Бурак Каја“, но еден од нив починал за врем...