Ја продал колата , но не му биле исплатени парите - измама од речиси 1,9 милиони денари
СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Ѓ.(61) од Скопје и против правен субјект од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.Според МВР, првопријавениот со лажно прикажување на факти довел во заблуда едно лице и не му исплатил 1.840.815 денари за патничко возило „мерцедес вито“.