ССМ: Каде се загуби работничката класа?
Сојузот на синдикатите на Македонија упати порака дека работничката класа претставува основа на секое општество, истакнувајќи дека токму таа ги создава вредностите, го движи производството и ја одржува економијата.Во објавата се наведува дека без трудот на работниците во фабриките, рудниците, на полињата, во канцелариите и во услужните дејности, не може да има напредок, развој ниту иднина.Сепак, се посочува дека и покрај својата клучна улога, работниците често се соочуваат со ниски плати, несигу...