Две приведувања во Тетово и Гостивар: брзо возење и управување без возачка дозвола
СВР Тетово информира дека во два одделни случаи во Тетово и Гостивар биле лишени од слобода две лица поради сообраќајни прекршоци.Во првиот случај, во Тетово, на булевар „Маршал Тито“, бил приведен А.Р. (29) од село Ларце, откако било констатирано дека управувал возило со 63 километри на час во населено место, каде што дозволената брзина изнесува 50 километри на час. По известувањето дека ќе му биде изречен прекршочен платен налог, тој се однесувал агресивно кон полициските службеници и бил лише...