Над 30 земјотреси ја погодија Камчатка по силен потрес во Тихиот Океан
Силен земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во Тихиот Океан во близина на рускиот полуостров Камчатка, по што следуваше серија од повеќе од 30 последователни потреси.Според информациите на камчатскиот огранок на Единствената геофизичка служба при Руската академија на науките, земјотресот бил регистриран на длабочина од 41 километар под морското дно.Во часовите по главниот потрес, сеизмолозите забележале т.н. сеизмички рој, односно низа земјотреси што се случи...