„Нема да дозволиме не пазарно однесување на ланците на маркети“, вели Мицкоски
Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на проценките за инфлацијата која е 4,9% и за тоа дали се потребни поголеми мерки, бидејќи потрошувачката кошничка во еден месец не може да се наполни ни со две минимални плати, изјави: „Ако мислите на потрошувачката кошница којашто ја имаат синдикатите, односно Сојузот на синдикати, самите автори на истата рекоа дека таа е просечна, не минимална.“ Во однос на општите трошоци...