Седуммина приведени за безобѕирно возење, меѓу нив четворица малолетници
Во текот на изминатите 24 часа, полициските службеници на повеќе локации низ државата лишиле од слобода седум лица поради безобѕирно управување со моторни возила. Најголем дел од нив биле затекнати зад волан без возачка дозвола, а меѓу приведените има и четворица малолетници.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во Тетово биле запрени двајца малолетници кои управувале мопед и патничко возило без да поседуваат возачка дозвола. Исти прекршоци биле евидентирани и во Кочани и Ки...