Студено утро со минусни температури, денес дожд, снег и силен ветер
Минусни температури утринава во повеќе делови од земјава, снег на планините и најави за врнежи и силен ветер во текот на денот, информира Управа за хидрометеоролошки работи.Најниската температура е измерена на Попова Шапка со минус три степени, додека минус еден степен е регистриран во Маврови Анови. Нула степени се измерени во Лазарополе и Крушево, додека еден степен во Ѓуриште, Пожаране и Радовиш. Два степени се измерени во Берово и Тополчани, три во Претор, четири во Охрид, Крива Паланка, Бит...