Ирачката влада во тешка позиција помеѓу САД и Иран
Ирак, кој досега успеваше да ја одржува рамнотежата за да ги зачува своите сојузи со Вашингтон и Техеран, поради војната на Блискиот Исток сѐ потешко успева да избегне смртоносна ескалација, објавува France Presse.По нападите кои им се припишуваат на САД, Багдад го заостри тонот и го одобри „правото на одговор и одбрана“ на поранешните паравоени формации Хашд ал-Шаби, познати како Сили за народна мобилизација. Овие формации се дел од државните сили, но обединуваат и проирански вооружени фракции...