(Видео) Трет напад неделава: Дронски удар врз клучен руски нафтен терминал
Клучниот руски енергетски терминал во пристаништето Уст-Луга беше погоден во украински напад со беспилотни летала, при што избувна пожар и беше нанесена материјална штета.Информацијата ја соопшти гувернерот на Ленинградската област, Александар Дрозденко, кој наведе дека во текот на нападот биле соборени вкупно 36 дронови над регионот.Станува збор за еден од најважните руски извозни пунктови за нафта, со дневен капацитет од околу 700.000 барели. Според достапните податоци, во текот на 2025 година...