Ако продолжи растот на цените на горивата, ќе се намалат акцизите и трошоците за транспорт
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата внимателно ја следи состојбата со цените на горивата на светските берзи и дека веќе се преземени мерки за нивно намалување, додека во наредниот период се можни и дополнителни интервенции доколку трендот на раст продолжи.„Треба да се затвори денеска тргувањето, така да во втората половина на денот ќе имаме повеќе информации, затоа што пресметките се прават врз основа на тргувањето од понеделник до петок. Инаку ние имаме мерка за следните две недели...