Путин до Иран: Москва останува „лојален пријател и сигурен партнер“
Рускиот претседател Владимир Путин упати порака до иранското раководство, нагласувајќи дека Русија ќе остане „лојален пријател и сигурен партнер“ на Техеран, во време на засилени тензии и воени случувања на Блискиот Исток.Како што соопшти Кремљ, Путин испратил честитки по повод иранската Нова година, до врховниот лидер Мојтаба Хамнеи и претседателот Масуд Пезешкијан.„Во овие тешки времиња, Москва останува одан пријател и сигурен партнер на Техеран“, се наведува во пораката на рускиот претседател...