Судењето за трагедијата во Тафталиџе почнува на 30 март: на Стојанче ќе му суди судијата од предметот за убиството на Вања и Панче

На 30 март ќе започне судскиот процес против Стојанче Јовановски, сопруг на Ивана Јовановска, која на 2 март скокна од балкон од шести кат заедно со својата шестгодишна ќерка. Случајот ја потресе јавноста и отвори сериозни прашања за институционалната реакција во случаи на семејно насилство.Судењето ќе го води судијата Ивица Стефановски, познат по постапувањето во предметот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.Според Обвинителството, Јовановски подолг период вршел психичко и физичко н...

пред 2 месеци | 9
skopje1.mk

Судењето за трагедијата во Тафталиџе почнува на 30 март: на Стојанче ќе му суди судијата од предметот за убиството на Вања и Панче


Сподели преку

Венс: Имаме проблем со цените на горивата, работиме на решенија

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс призна дека САД се соочуваат со сериозен проблем поради растот на цените на горивата, во услови на актуелниот конфликт со Иран.„Бензинот поскапе. Знаеме дека поскапе и знаеме дека луѓето страдаат поради тоа“, изјави Венс за време на обраќање во производствен погон во Мичиген.Тој отворено призна дека администрацијата е свесна за состојбата.„Имаме проблем, знаеме дека имаме проблем“, рече Венс, додавајќи дека се работи на повеќе мерки.Според него, конкретни...

пред 2 месеци | 21
skopje1.mk

Венс: Имаме проблем со цените на горивата, работиме на решенија


Сподели преку

Мицкоски од Брисел: Проширувањето на ЕУ ќе биде наш главен фокус на Самитот на ЕПП

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од Брисел информира дека партијата учествува на Самитот на Европската народна партија (ЕПП), каде во фокус ќе бидат глобалните предизвици, но и процесот на проширување на Европската Унија.„Два дена сме овде во Брисел за да ја одбележиме 50-годишнината од формирањето на Европската народна партија, најголемата политичка сила во демократска Европа, чиј нераскинлив дел е и ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Мицкоски.Тој посочи дека покрај официјалната прослава, ќе с...

пред 2 месеци | 9
skopje1.mk

Мицкоски од Брисел: Проширувањето на ЕУ ќе биде наш главен фокус на Самитот на ЕПП


Сподели преку

Херојот од Кочани доби спомен-обележје: ги спасуваше повредените и почина по исцрпувачка ноќ

Во чест на Илчо Гоцевски, возачот на Итната медицинска помош кој несебично ги превезуваше повредените во трагичниот пожар во Кочани, е подигнато спомен-обележје како знак на благодарност за неговата пожртвуваност. Гоцевски почина по исцрпувачката работа, откако со часови непрекинато им помагаше на повредените.Долгогодишниот возач, во кобната ноќ беше меѓу првите што реагираа и направи повеќе возења, носејќи пациенти во тешка состојба и учествувајќи во координацијата на теренот. По завршувањето н...

пред 2 месеци | 9
skopje1.mk

Херојот од Кочани доби спомен-обележје: ги спасуваше повредените и почина по исцрпувачка ноќ


Сподели преку

Хезболах објави нови напади и цели во Израел

Либанската милитантна група Хезболах соопшти дека во текот на денот извршила повеќе напади врз израелски позиции, вклучително и со ракети и дронови.Во објава на Телеграм, групата тврди дека нејзини борци се судриле со израелски војници во близина на притворски центар во јужнолибанскиот град Хијам, при што биле употребени различни видови оружје.Хезболах наведува дека извршил ракетни напади врз израелски сили во населбата Шомера, на северот на Израел, како и во либанските села Одаисех и Тајбех.Доп...

пред 2 месеци | 19
skopje1.mk

Хезболах објави нови напади и цели во Израел


Сподели преку

Папата со критика Трамп: Војната не е видеоигра, медиумите да не станат пропаганда

Папата Лав XIV упати остра порака до медиумите и политичките актери, предупредувајќи дека војната не смее да се прикажува како видеоигра и дека новинарите не смеат да станат алатка на пропаганда.Во обраќање до вработените во италијанската телевизија ТГ2, папата нагласи дека улогата на медиумите е да ја прикажат реалната слика за страдањата што ги носи секој конфликт.„Новинарите треба да ги покажат страдањата што војната секогаш им ги носи на луѓето, да го покажат нејзиното лице и да ја раскажат...

пред 2 месеци | 6
skopje1.mk

Папата со критика Трамп: Војната не е видеоигра, медиумите да не станат пропаганда


Сподели преку

Нови обвинувања: Паниката во ВМРО ја извади на површина Платформата за рушење на СДСМ

СДСМ обвини дека, како што велат, паниката во редовите на ВМРО-ДПМНЕ довела до активирање на „Платформата за рушење на СДСМ“, оценувајќи дека станува збор за координирана кампања насочена кон внатрешно слабеење на партијата.Од СДСМ тврдат дека, по низа објавени скандали и, според нив, пад на поддршката кај власта, ВМРО-ДПМНЕ се обидува со дефокус и политички напади да ја пренасочи јавноста.„ВМРО е толку многу паднато што и нивните анкети тоа го покажуваат. Немаат одговор на ниту едно прашање, ни...

пред 2 месеци | 19
skopje1.mk

Нови обвинувања: Паниката во ВМРО ја извади на површина Платформата за рушење на СДСМ


Сподели преку

ОАЕ: Иранските напади не туркаат кон Израел и САД

Висок советник на претседателот на Обединети Арапски Емирати, Анвар Гаргаш смета дека иранските напади врз државите од Персиски Залив ги приближуваат овие земји кон Израел и САД.„Иранските напади со полн интензитет врз државите од Заливот всушност ја зајакнуваат улогата на Израел во регионот, а не ја намалуваат“, рече Гаргаш на настан на Совет за надворешни односи.Тој посочи дека во моментот се соочуваат со 2000 ирански проектили и дронови, а не со израелски, нагласувајќи ја важноста на односите...

пред 2 месеци | 18
skopje1.mk

ОАЕ: Иранските напади не туркаат кон Израел и САД


Сподели преку

Променливо облачно со локални врнежи, умерен северен ветер и температури до 15 степени

Според последната информација од УХМР, денес времето е променливо облачно со кратки сончеви периоди и со слаби локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Слаб до умерен ветер дува од променлив правец, а во Крива Паланка достигна брзина до 45 km/h.Во текот на денот ќе има услови за повремен локален дожд, а ноќта ќе биде претежно облачно со слаб северен, а во североисточните делови умерен ветер од североисточен правец.Утре се очекува променливо облачно време, во западните делови со повремени...

пред 2 месеци | 6
skopje1.mk

Променливо облачно со локални врнежи, умерен северен ветер и температури до 15 степени


Сподели преку

Членките на НАТО дискутираат за повторно отворање на Ормускиот теснец

Членките на НАТО дискутираат за најефикасниот начин за повторно отворање на Ормускиот теснец, кој Иран го блокираше по американско-израелските напади, изјави денес генералниот секретар на сојузот.„Сите се согласуваме дека теснецот мора повторно да се отвори. Она што знам е дека сојузниците соработуваат и дискутираат за најдобриот начин како тоа да се постигне“, рече Марк Руте, кој се наоѓал на северот на Норвешка за време на вежбата „Cold Response“.Американскиот претседател Доналд Трамп неколку...

пред 2 месеци | 19
skopje1.mk

Членките на НАТО дискутираат за повторно отворање на Ормускиот теснец


Сподели преку

(Видео) Едно лице загина при пад на гондола во Швајцарија

Едно лице загина откако гондола се урна поради силен ветер на снежна падина во скијачкото место Енгелберг, во централна Швајцарија.Портпаролот на полицијата соопшти дека загинатата личност, чиј идентитет не е објавен, била сама во гондолата. Точната причина за смртта сè уште се утврдува.На местото на несреќата бил испратен хеликоптер од службата за воздушно спасување Рега. Падот се случил околу 11 часот, а спасувачките операции биле отежнати поради ветрови со брзина до 84 километри на час.Полици...

пред 2 месеци | 21
skopje1.mk

(Видео) Едно лице загина при пад на гондола во Швајцарија


Сподели преку

(Видео) Напад на иранско гасно поле ја крена цената на нафтата на 110 долари

Цените на нафтата на светските пазари силно осцилираат поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток. Откако претходно паднаа поради договор меѓу Ирак и Турција за продолжување на извозот, тие нагло пораснаа по извештаите за напад врз иранското гасно поле Јужен Парс, пренесува Гардијан.Цената на нафтата се приближи до 110 долари за барел, додека поскапе и гасот, откако Иран соопшти дека американско-израелски воздушен напад погодил дел од неговата енергетска инфраструктура. Ова е прв напад...

пред 2 месеци | 6
skopje1.mk

(Видео) Напад на иранско гасно поле ја крена цената на нафтата на 110 долари


Сподели преку

САД привремено ги укинуваат ограничувањата за превоз на нафта поради војната со Иран

Белата куќа привремено укинува клучни ограничувања за транспорт на нафта, гас и други стоки низ САД, во обид да го ублажи растот на цените на енергенсите предизвикан од конфликтот со Иран.Со изземање од т.н. Џоунс акт, на бродови под странско знаме ќе им се дозволи во следните 60 дена да превезуваат стоки меѓу американските пристаништа. Одлуката ја потврди портпаролката Каролин Ливит во објава на X, наведувајќи дека мерката треба да го олесни протокот на енергенси додека траат напорите за повтор...

пред 2 месеци | 8
skopje1.mk

САД привремено ги укинуваат ограничувањата за превоз на нафта поради војната со Иран


Сподели преку

Голем пад на X: корисници ширум светот пријавуваат проблеми

Социјалната мрежа X, порано позната како Твитер, во средата се соочи со голем прекин во работата, при што корисници ширум светот пријавуваа проблеми со пристапот, најавувањето и вчитувањето на објави.Податоците на Даундетектор покажаа нагло зголемување на пријави. Според корисниците, веб-страницата и мобилната апликација повремено биле недостапни, а проблеми биле регистрирани во САД, Европа и делови од Азија.

пред 2 месеци | 20
skopje1.mk

Голем пад на X: корисници ширум светот пријавуваат проблеми


Сподели преку

Бебе фрлено од прозор во Лондон, мајката обвинета за убиство

Бебе старо само 18 дена починало од тешка повреда на главата откако, според наводите на обвинителството, мајката го фрлила од прозорец на стан на трети кат во Лондон. Девојчето Мариам паднало од висина од околу десет метри додека нејзиниот татко во кујната подготвувал млеко, било кажано на суд, пренесува Скај њуз.За убиството е обвинета 43-годишната Захира Бјауане, која требало да се појави пред судот Олд Бејли, но не присуствувала на рочиштето. Трагедијата се случила во саботата во семејниот ст...

пред 2 месеци | 19
skopje1.mk

Бебе фрлено од прозор во Лондон, мајката обвинета за убиство


Сподели преку

Русија го обвинува Телеграм за непочитување на законите

Рускиот државен регулатор за комуникации, Роскомнадзор, соопшти дека апликацијата за размена на пораки Телеграм и натаму не ги почитува руските закони, пренесе државната новинска агенција РИА Новости.Руските власти во повеќе наврати ја обвинуваат една од најпопуларните апликации во земјата дека овозможува користење на својата платформа за нелегални и екстремистички содржини.Од Телеграм ги отфрлаат овие обвинувања, тврдејќи дека станува збор за обид на Русија да ја задуши нивната услуга. Според к...

пред 2 месеци | 21
skopje1.mk

Русија го обвинува Телеграм за непочитување на законите


Сподели преку

Уставен суд реагира на изјавата на Пендаровски: Изнесува неточни информации за Законот за употреба на јазиците

Уставниот суд на Република Северна Македонија денеска реагираше на изјавите на поранешниот претседател Стево Пендаровски во врска со оспорениот Закон за употреба на јазиците. Судот ги демантираше неговите наводи, оценувајќи ги како неточни информации кои не соодветствуваат со фактичката состојба.„Во емисијата „Дебатен агол“ на Tevë1, објавена на 13 март 2026 година, од страна на поранешниот претседател на државата, Стево Пендаровски,  беше изнесена неточна информација поврзана со предмет кој е в...

пред 2 месеци | 9
skopje1.mk

Уставен суд реагира на изјавата на Пендаровски: Изнесува неточни информации за Законот за употреба на јазиците


Сподели преку

(Видео) Страв од „Сејф сити“: Брза помош заглавена на раскрсница кај „Мавровка“

Возачи во Скопје сè почесто се двоумат дали да направат простор за возила на Итна медицинска помош, поради страв од казни од системот „Сејф сити“. Таков случај е регистриран денеска на раскрсница кај „Мавровка“, каде амбулантно возило останало заглавено и покрај вклучена сирена.Системот, кој е поставен на самата раскрсница, автоматски евидентира прекршоци, вклучително и движење на возила за време на црвено светло. Токму поради тоа, дел од возачите не се осмелиле да го поминат пешачкиот премин ил...

пред 2 месеци | 9
skopje1.mk

(Видео) Страв од „Сејф сити“: Брза помош заглавена на раскрсница кај „Мавровка“


Сподели преку

Се запали куќа во Босилово – пожарникарите реагираа навреме

Денес, во струмичкото село Босилово избувнал пожар во една просторија од семејна куќа.На местото на настанот веднаш интервенирала ТППЕ Струмица со едно противпожарно возило и четворица пожарникари-спасители.Благодарение на брзата и ефикасна реакција, пожарот бил локализиран и целосно изгаснат за кратко време по пристигнувањето на екипите, со што било спречено негово проширување во останатите простории од куќата и предизвикување на поголема материјална штета.Надлежните апелираат до граѓаните, во...

пред 2 месеци | 18
skopje1.mk

Се запали куќа во Босилово – пожарникарите реагираа навреме


Сподели преку

Ескалација на Блискиот Исток: Напади во Бејрут, Техеран, Ирак и Заливот

Серија напади во текот на ноќта и утрото дополнително ја влошија безбедносната состојба на Блискиот Исток, со удари во повеќе држави и нови жртви.Во либанската престолнина Бејрут, израелските воздушни напади продолжија во текот на ноќта, при што делови од центарот на градот се претворени во урнатини. Според либанското Министерство за здравство, загинале најмалку 10 лица, а 27 се повредени.Израелската армија издаде наредба за евакуација на јужен Либан, најавувајќи нови напади врз премините преку...

пред 2 месеци | 9
skopje1.mk

Ескалација на Блискиот Исток: Напади во Бејрут, Техеран, Ирак и Заливот


Сподели преку

Измамил мајстор за илјадници франци: Нарачал железни материјали за Швајцарија, па „исчезнал“ без да доплати

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.С.(48) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама’’.Пријавениот довел во заблуда едно лице и го измамил за сума од 14.460 швајцарски франци. Имено, во 2025 година тој се договорил со лицето да изработи железни материјали за износ од 20.450 швајцарски франци и преку приватна фирма за шпедиција изработените материјали да бидат однесени во Швајцарија кај него.Откако лицето ја изработило нарачката, изготвил фактура, по ш...

пред 2 месеци | 9
skopje1.mk

Измамил мајстор за илјадници франци: Нарачал железни материјали за Швајцарија, па „исчезнал“ без да доплати


Сподели преку

Ненад Савески избран за државен јавен обвинител, го поддржаа 66 пратеници

Собранието на Република Македонија го избра Ненад Савески за нов државен јавен обвинител.За неговото именување гласаа 66 пратеници, додека 2 беа „против“, а 8 „воздржани“, од вкупно 101 присутен пратеник.Со оваа одлука, Савески ја презема функцијата прв човек на јавното обвинителство, во период кога правосудниот систем е под силен јавен и политички притисок, со очекувања за поголема ефикасност и независност во постапувањето.Неговиот избор беше проследен со жестока политичка дебата во Собранието...

пред 2 месеци | 6
skopje1.mk

Ненад Савески избран за државен јавен обвинител, го поддржаа 66 пратеници


Сподели преку

Општина Илинден започна поставување на прв асфалтен слој на улица „11“ во н.м Кадино

Градежните активности за унапредување на локалната патна инфраструктура во Општина Илинден продолжуваат со засилено темпо, при што во населеното место Кадино се започна со поставување на прв асфалтен слој на вториот дел од улицата „11“ во населеното место Кадино.Станува збор за делница во должина од околу 500 метри и широчина од 5,5 метри, каде покрај целосната реконструкција на коловозот, се предвидува и изградба на нов тротоар со широчина од 1,5 метри, со чија изведба значително ќе се подобрат...

пред 2 месеци | 9
skopje1.mk

Општина Илинден започна поставување на прв асфалтен слој на улица „11“ во н.м Кадино


Сподели преку

Возило удри пешак во Штип, жена заврши во болница со тешки повреди

На 17 март во Штип на улицата „Сремски фронт“, патничко возило „шкода октавија“ управувано од Ј.М. (63) удрило во пешакот М.С. (62). Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница Штип. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Штип.

пред 2 месеци | 6
skopje1.mk

Возило удри пешак во Штип, жена заврши во болница со тешки повреди


Сподели преку