(Видео и фото) Регистрирани две нови единки балкански рис на Шар Планина
На територијата на Националниот парк Шар Планина, неодамна на трап-камери беа забележани две нови единки балкански рис, со што вкупниот број на евидентирани животни од овој редок и загрозен вид се зголеми на пет. Новоидентификуваните единки се во добра здравствена состојба, што укажува на стабилизирање и постепено закрепнување на популацијата на рисот на Шар Планина, соопштија од националниот парк.Првите снимки на рисот на оваа локација беа направени уште во 2024 година, а на почетокот на 2026 г...